Press "Enter" to skip to content

Пелистер со голема победа над ТФТ на крајот од првиот дел на сезоната (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ 91:82

Кошаркарите на Пелистер во Битола во пладневниот терним, по голема борба славеа над ТФТсо 91-82, во последното коло од првиот дел од сезоната.Гостите од Скопје допатуваа како лидери на табелата, со само еден пораз во досегашниот дел од сезоната, но избраниците на Александар Петровиќ одиграа квалитетен натпревар, го контролираа резултатот и заслужено се израдуваа на победата, трета во низа за „зелено-белите“ кои само ги потврдуваат високите амбиции со кои влегоа во оваа натпреварувачка сезона.

Почетните минути минаа во знакот на Пелистер и донесоа рано водство од 7-3, но тајмаутот на Смилковски ги разбуди госите кои со девет поени во низа стигнаа до 7-12. Пелистер набрзина се врати во ритам, ја избриша негативата на гостинскиот состав и со поените на Лука Стојановски првата четвртина заврши со израмнети 18-18.ТФТ ги постигна првите поени во втората четвртина, но Пелистер имаше одговор за ова, со тројката на Стајиќ набрзина ирамни на 23-23, а потоа со поените на Стојановски стигна и до предност од 26-24. Екипите се менуваа во водство до крајот на четвртината, но на одмор се замина со водство на Пелистер од 39-36, пред се благодарение на поените на Андрија Бојиќ во последната минута.Тоа беше најава за беспрекорното издание на Пелистер во третата четвртина во која целосно го надигравме квалитетниот противник. Антоан влезе во ритам, на него со неколку одлични акции се надоврза тандемот Стајиќ – Бојиќ, за во серија да влезе и Мишковиќ. Предноста на битолчани од минута во минута се зголемуваше, Пелистер ја доби оваа четвртина со 30-17, влегувајќи во последните десет минути со 69-53.Удобната предност донесе и опуштање во играта на Пелистер, а мотивираниот тим на ТФТ покажа карактер и се врати во мечот, намалувајќи на 81-77. Антоан и Бојиќ ги постигна клучните поени запирајќи го финалниот налет на гостите од Скопје, за Мишковиќ со забивање да стави печат на победата, на крајот изразена со конечните 91-82.Најефикасни кај Пелистер беа Бојиќ со 23 и Стајиќ со 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »