Press "Enter" to skip to content

Што е тоа што сите битолчани не влече, збор за време старо да се рече? (фото)

-Танцуваа учениците и вработените од Основното училиште со ресурсен црнтар  “Кочо Рацин“ Битола на нивниот незаборавен новогодишен конзулски бал во салата на кино “Манаки“ во Битола .

Се запрашувате каков ли е тој прочуен конзулски бал? Битолски стар обичај, тој прекрасен бал! Широк Сокак, стара чаршија, градски пајтон и камера триста… И што се не секој од Битола би дал да заигра во градски костум и свилен фустан на надалеку опеаниот битолски конзулски бал…
За миг во магијата на лулката на раскошот на вечниот град на конзулите на такт од тивко свирена битолска серенада танцуваа учениците и вработените од Основното училиште со ресурсен црнтар  “Кочо Рацин“ Битола на нивниот незаборавен новогодишен конзулски бал во салата на кино “Манаки“.На балот по битолски заиграа и таткото на град Битола Тоњи Коњановски како и директорката Драгана Кирковска.Трепет, еден тон емоции, солзи радосници, незаборавни спомени, душа и срце на сцената… Бал над баловите, за кој ќе се раскажува долго и надалеку…“За овие настани вреди да се живее, да се чекори, да се дише“ вели целокупниот тим на основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ и ветува многу за годината која ни следува. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »