Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Ѓоко Хаџиевски ги започна подготовките на ФК Пелистер (фото)

-Една од многуте фудбалски смени во фудбалскиот клуб Пелистер од Битола во која многу сите верувавме е назначувањето на Ѓоко Хаџиевски за тренер во клубот пред 10 години, која за жал не ги исполни очекувањата на битолските љубители на спортот. Тогаш на хаџиевски му помагаат Коки Ангелевски, Миле Димов и Сашо Петровски како тренер на голманите, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Подготовките започнаа на Битола со комплетно нов Пелистер. Хаџиевски тогаш прозиваше тим, а на првиот тренинг имаше пет нови фудбалери.

-Со огромен ентузијазам го почнувам овој проект. Уште од самиот почеток им кажав на
фудбалерите кои се нашите цели и што барам од нив. Дисциплината е на прво место. Пелистер мора да биде пример за сите останати. Организирани сме, знаеме што сакаме и одиме по вистинскиот пат. Се потпираме на млади сили, еве денес имаме пет новајлии, главно млади момчиња, но тука за нас не завршува преодниот рок, ќе дојдат уште 5-6 фудбалери до нашето заминување во Анталија на 2 февруари, ќе каже тогаш Хаџиевски.Тогаш Пелистер можеби за прв пат назначи спортскиот директор, Милош Манојловиќ од Србија.

За жал сите најави не се остварија и Пелистер повторно влезе во криза.

More from СпортMore posts in Спорт »