Попладнево во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2024/25, да ја одрбани титулата шампион на Македонија и во борба за големиот пехар на Купот.
Подготовките започнаа со безз осум репрезентативци, кои ќе настапат на Светското првенство. Ги немаше на првиот тренинг македонските репрезентативци Митревски, Кузмановски, Пешевски, Петар и Павле Атанасијевиќ и Костески, како и Тунижанецот Хосни и Словенецот Цехте ќе се приклучат штом ќе им завршат активностите на Светското првенство.
Во екипата на Еурофарм Пелистер се приклучени и неколку членови на Еурофарм Пелистер 2, кои беа дел од првиот тренинг.
На ракометрите им посака добредојде директорот Ѕвонко Шундовски и им посака успешна пролетна сезона.
Од утре започнуваат редовните физички тестови и тренинг сесии во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Вториот дел од подготовките, од први февруари, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го реализира во Стара Пазова, Србија.
Првиот официјален натпревар во 2025 година е на 8 февруари против Куманово во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”2291″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










