Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“ на кој учество земаа доктори и физиотерапевти од Битола кои работат со фудбалските клубови од Битола.
Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските доктори и физиотерапевти од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ, а на семинарот докторите од Битола, д-р Игор Неделковски и д-р Христо Бојаџиев.
Организирана од Секторот за медицина и антидопинг и поддржана од УЕФА, медицинската работилница се одржа на 25 и 26 јануари 2025 година во хотел „Хилтон“ и истата имаше за цел да им ги презентира на тимските и клупските лекари и физиотерапевти најновите знаења и техники поврзани со ургентните медицински состојби во фудбалот.

Лекарите Христо Бојаџиев и Игор Неделковски на семинарот на ФФМ – „Ургентни состојби и траума во фудбалот“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Денес е празник на големите господови лекари, Светите врачи Кузман и Дамјан
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје







