По повод јубилејот – 80 години настава на современ македонски јазик 1945 – 2025, СОУ Гимназија “Јосип Броз –Тито“ од Битола ги започна празнувањата изложба на слики инспирирани од делата на македонската преродбеничка литература и од современата македонска литература која беше заедно со литературниот награден конкурс во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола .
“Создавам значи постојам“ е изложба на слики инспирирани од делата на македонската преродбеничка литература и од современата македонска литература, а денес беше отворена во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола.
На литературниот конкурс пристигнаа 75 авторски (прозни и поетски творби) од учениците.
Во категоријата проза наградени се ученичките: Христина Илиевска од III-6, Евгенија Велевска од I-6 и Евгенија Јовчева од I-3. Во категоријата проза пафалени се учениците: Ема Фуна од II-2, Филип Лазаревски од II-3, Ана Спиркоска од II-6.
Во категоријата поезија наградени се ученичките: Маргарита Велјановска од I-4, Мила Кадинска од I-4 и Ева Ристевска од I-4. Во категоријата поезија пофалени се Огнен Петровски од I-4, Ермира Шабани од III, Виктор Сотиров од I-4.
Комисијата беше во состав Николина Ѓуровска – проф. по Македонски јазик и литература, Сара Груеска – стручен соработник, Зоран Ѓуровиќ – професор по Вовед во Правото и Биљана Т. Димко – проф. по Македонски јазик и литература.

Со изложба и доделување на награди за литературен конкурс започна празнувањето на 80 години настава на современ македонски јазик во Горната гимназија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Македонскиот виртуоз на виолина Владимир Костов и камерниот оркестар „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во срцето на Битола!
- Самостојна изложба на Бојана Артиновска во “KAMAI MEDIA“ – Битола
- Со концерт на Гамазда, кралицата на пијано кавери, затворен Фестивалот “Музика од светот“
- Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи во Битола на 6 декември










