Започна новото првенство во “Амерички пул билјард“ кое што никогаш не било со повеќе играчи и така организирани. “А“ лигата како и досега со 16 играчи но сега засилена со неколку квалитетни играчи кои преку “Б“ лигата остварија пласман, на кој настапија и членовите на Лонгони од Битола.
Се играше во клубот Предатор од Кичево на профи маси кои се тешки за игра, а битолскиот клуб го претставуваат четири играчи.
Христо Василевски од Битола, двократниот шампион, со сигурна и допадлива игра и остварени пет победи, само продолжи каде што застана лани, и со чиста како солза победа го освои турнирот и според прикажаната игра и оваа година важи за главен фаворит.
Илче Трајковски и Игор Радичоски не се снајдоа најдобро, а Илија Димовски само на моменти потсети дека може повеќе.Ден пред тоа во Гран клуб Скопје се одржа натпревар од “Б“ дивизијата со рекордни 107 играчи што е бројка за восхит и за многу поголеми федерации од Македонската.
Најдобриот клуб во земјава се претстави со 9 играчи, кои што поради приватни обврски не можеа доволно да тренираат и да се спремат за шампионатот па и немаа добар настап и ќе мораат за наредниот мастерс да имаат по сериозен пристап.Судии на двата беа Битолската двојка, Горан Петровски како деск топ менаџер и Делегат, а Горан Думевски како главен судија.