Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола на 5 февруари, во фоајето на Центарот за култура во Битола, во 19 часот свечено ќе се отвори изложбата на фотографии насловена “Идни спомени” на ученичката Дамијана Ристевска од четврта година.
Дамијана Ристевска низ нејзините фотографии со уметнички израз ги претставува ликовите низ социјалната средина во Гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почуствува атмосферата и енергијата која владее насекаде низ Гимназијата во холовите, низ училниците, во дворот, во училишната библиотека.Сите тие фотографирани моменти ќе останат како незаборавни спомени за во иднина.
Инаку на фотографката Дамијана Ристевска оваа и е четврта по ред самостојна изложба под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски, а била дел од од шест групни изложби.
Дамијана Риситевска како фоторепортер е дел од битолскиот портал Bitolanews.