Press "Enter" to skip to content

Бронзени медали за Сара Стојаноска и Леа Бошевска од Битола во кик-бокс на Европски куп во Бугарија

Деновиве, во Пловдив, Бугариа се одржа Европски куп, на ко учествуваа 1.378 натпреварувачи од 29 земіи, со 2.168 натпреварувачки влезови. Македонскиот национален тим освои вкупно 17 медали, од кои 5 златни, 2 сребрени и 10 бронзени медали.

Кик боксерките од кик-бокс клубот Самурај од Битола освоија 3 бронзени медали.Сара Стојаноска во категориа постари кадети – 60 кг. освои бронзениот медал.

Леа Бошевска настапи во две дисциплини, лат контакт – 50 кг. каде освои бронзен медал, а веднаш потоа во дисциплината кик лат – 50 кг. исто така освои бронзен медал во сениорска конкуренција.-Задоволни сме од постогнатиот резултат, бидејќи имаше силна ко кункуренција. Имаме уште работа, мора да се подготвуваме за наредните натпреварувања, дома и во странство, и да ги корегираме некои работи, ни рекоа Леа и Сара.

Тренерите на КБК Самурај, Гордана Цветковска Бошевска, Тони Бошевски и Борче Стојаноски се задоволни од натпреварувачката форма на напреварувачите, со оглед на тоа што само пред две недели на државното првенство на кое настапиа 17 натпреварувачи од Самурај беа освоени 11 медали од кои 3 златни, 6 сребрени и 2 бронзени медали.

После ова големо напреварување нема пауза за кик-коксерките на Самурај, ќе настапат на Европскиот куп во Сараево, кој ќе се одржи во месец април.

More from СпортMore posts in Спорт »