Газели Волеј – Пелистер Волеј 3:0
(26:24; 25:11; 25:13)
Натпреварот кој го одиграа одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола во Скопје воопшто не го оправда епитетот дерби кој до бови овој натпревар помеѓу првопласираната и второпласираната екипа во Втората одбојкарска лига, а и Пелистер заслужено е поразен во Скопје.
Освен неизвесноста во првиот сет, во кој одбојкарките на Пелистер Волје не искористија сет топка при резултат 24:23 и истиот го загуби со 24:26, остатокот од натпреварот го одиграаа многу лошо, со слаб прв прием, практично без блок, со премногу грешки во нападот и сервисот, што секако е за секаква критика.
-Што побрзо треба да се заборави ова лошо издание, да се насочат мислите кон следните натпревари и со ладни глави да се приведи сезоната до крај, е пораката на тренерот кој младите оодбојкарки.