-Пред 10 години во Битола се одржа собирот во спортската сала, тогаш “Младост“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ во која беше исполнета до последното место, а дел од симпатизери на партијата, мораа собирот да го следат на видео-бим, на кој зборуваше тогашниот лидер и премиер Никола Груевски, започна со своите сеќавања за пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Никола груевски на собирот истакна дека скандалот со прислушкувањето е монтажа на тие кои не и сакаат добро на Република Македонија. Тој негираше дека Владата го вршела прислушувањето, односно нелогично е Владата да прислушува, а по се што досега е објавено во јавноста, испаѓа дека Владата наместо да ја прислушува опозицијата се прислушувала самата себе.
Повторувајќи го својот, досега неколку пати повторуван, став дека скандалот со прислушувањето е монтажа на тие кои не и сакаат добро на Македонија.
Груевски во Битола најави низа нови поволности за работодавачите кои ќе вработат невработени лица над 35-годишна возраст, невработени лица од 35 до 50 годишна возраст, коишто 10 години се без работа, како и за оние над 50 години независно, дали биле или не биле вработени во минатото.
-Владата ќе направи напори во наредниот период, откако комисиите за проценка на
штетите ќе ја завршат својата работа, да ги обештети сите земјоделци и граѓани кои претрпеа штети од неодамнешните поплави за 100 отсто, рече Груевски.
На крај во своето обраќање до присутните Груевски нагласи дека силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, и во неговата љубов кон сопствената земја.
На собирот покрај премиерот Груевски зборуваше тогашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Зоран Илиевски и пратеникот Антонио Милошоски.

Деновиве пред 10 години: премиерот Никола Груевски на голем собир во Битола по скандалот со прислушувањето (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар










