Деновиве во Скопје за прв пат се одржа натпревар за руска вокална музика, на кој во категоријата студенти и млади на возраст од 17-28 години, учествуваа ученици од Државно музичко училуште – Битола.
Солистите се од класата по соло пеење на проф. Марина Коруновска и пијано придружба на проф. м-р Александра Јанковска и ученик на “Korunovska music & singing“ во пијано придружва на Томе Спасовски.
Натпреварот беше поддржан од управа на град Москва, Русија, во организација на здружение “Чајка”. Во стручното жири беа тројца видни музички уметници од Русија, претседател на жири комисија, проф. Леонид Сметаников.
Наградени ученици:
– Елена Башеска, 17 год. – специјална награда за изведба на руска соло песна од 20 век.
– Ивона Огненовска, 18 год. – специјална награда за изведба на арија од оп. “Чародејка” на П.И.Чајковски
– Јулијана Деспотовска, 18 год. – специјална награда за изведба на руска салонска музика
– Озген Сулејмановски, 18 год. – спрецијална награда за изведба на руска салонска музика и бесплатно учество на “Балканска ронансијада” која се одржува на 10-11.11.2018 год. во Софија, Р.Бугарија
– Александар Гацоски, 35 год. – парична награда од жири комисијата.
-Жирито ја оценуваше длабочината на читање на композицијата, владеењето со изведувачка уметност, придржување кон стилот на изведуваната композиција, музичката култура, изговорот на текстот на руски јазик и др. Во рамките на натпреварот, проф. Леонид Сметаников одржа мастер клас. На натпреварот присуствуваа, доајенот на МОБ – оперската дива Милка Ефтимова и амбасадорот Сергеј Баздникин од Посольство России в Македонии/Амбасада на Русија во Македонија, ни рече проф. Марина Коруновска.
Претседател на жири комисија беше Леонид Сметаников, народен артист на СССР, добитник на државна награда на РФ “Михаил Глинка”, академик на меѓународна академија за творештво, лауреат на меѓународен натпревар “Николај Рерих”, шеф на катедра по соло пеење на Саратовскиот конзерваториум и др.

Четири специјални награди за изведба на руска вокална музика за битолските солисти (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола





