Press "Enter" to skip to content

Озген Сулејманоски од средното музичко училиште во декември на “Романсијада“ во Москва

Ученикот Озген Сулејмановски во четврта година од средното музичко училиште во Битола е избран како претставник од  Македонија во декември да настапува во Москва, Русија на “Романсијада” со директен пренос на националната руска телевизија.

Озген е добитник на трета награда на Балканска романсијада која викендов се одржа во Софија, Бугарија и ќе биде дел од победничкиот тим кој ќе настапува во Москва, Русија.Во тимот покрај Озген Сулејмановски од класата на проф. Марина Коруновска се уште Магдалена Тодоровска, Јаворка Витановска и нивните ментори Весна Гиновска – Илкова и Ана Дурловски. Тие ќе бидат предводени од пијанистката Елена Силјановка.

За Озген Сулејмановски на Балканска романсијада рекоа дека е многу млад и исклучително талентиран бас пред кој несомнено стои блескава оперска кариера, а успехот му го честитаат  и Иванка Нинова, професор во НМА “Панчо Владигеров” – Софија, долгогодишна солистка во Софиска опера, која беше и член на жири комисија.

More from КултураMore posts in Култура »