Под ѕвездите на Истанбул, во срцето на Кадиќој, три македонски уметници од Битола направија музички мост меѓу култури, емоции и времиња.
Во величествената Ерменска католичка црква „Сурп Левон“ се одржа концертот „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ од Битола, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска.
Настанот понуди богата музичка програма со дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и Кларк, кои ја пренесоа универзалната моќ на музиката да зближува луѓе и традиции. Концертот беше повеќе од уметнички настап – беше емотивна разгледница од Битола, пренесена преку звук, срце и посветеност.
Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и се реализираше во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија. Проектот „Музички мостови“ е поддржан како дел од програмата на Културно-информативниот центар – Битола.
Овој концерт останува запаметен не само како културен настан, туку како искрен гест на пријателство, поврзување и надеж. Од Битола кон Стамбол – со музика, љубов и почит.

Музиката ги спои Битола и Истанбул – реализиран концертот „Музички мостови“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекинато водоснабдување од “Терминал“ до граничен премин “Меџитлија“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 22 степени
- 4. по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители (фото)
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- СВР Битола: 20 годишна девојка од Љубојно приведена за марихуана, 28 годишник возел влечно возило без возачка
More from КултураMore posts in Култура »
- Уметничката ризница на Ректоратот на УКЛО се отвора за битолската јавност
- Комедија по 25 години во Битола – премиера на претставата “Секстет“ во режија на Марјан Георгиевски
- Игор Трајковски – Фоја од Битола: од Курбиново до Сенатот во Рим, трансформативната моќ на зборот и духот (фото)
- Со несекојдневен настап на Бојан Стојков и монодрама на Тијана Дапчевиќ започна 27. фестивал на монодрама во Битола (фотогалерија)
- “Менопауза” на Тијана Дапчевиќ вечерва ќе го отвори Фестивалот на монодрамата во Битола










