Вечерва на голема сцена ќе се одигра претставата “Аждер“’ во режија на Владимир Милчин,а на сцената ќе го погледнете безмалку целиот ансамбал на Народниот театар во Битола.
На вечерашната премиера ќе играат 24 актери на сцена и се изведува во чест на 74 години постоење на Битолскиот театар.
Аждерот го игра Мартин Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска ликот на Елза, Ланселот – Огнен Дранговски, градоначалникот – Марјан Ѓоргиевски, неговиот син Хенрих – Никола Пројчевски…
Претставата е работена по текст на Евгениј Шварц и за првпат се поставува во македонски театар, напишана во 1943 година, актуелна е и денес, а сличноста е во оптимизмот што владеел на крајот од Втората светска војна со оној што постои во овој век, дека иднината е гарантирана. Инаку, првиот обид, текстот „Аждер“ да се постави на театарска сцена бил направен од режисерот Николај Акимов во 1944 година со театарот во Ленинград, но претставата била забранета веднаш по премиерата, а забрана имало и при вториот обид во 1962 година. Во историјатот за претставата „Аждер“ се посочува дека таа успешно била изведувана во Берлин во периодот од 1965 до 1981 година, француската публика ја гледа во 1967 година, но сказната за возрасни не ја видел авторот Евгениј Шварц кој починал на 15 јануари 1958 година.
Превод од руски јазик е на Владимир Милчин и Ема Маркоска Милчин, сценограф – Крсте.С Џидров-Џиби, костимограф – Марија Пупучевска, композитор – Маријан Неќак, светло-мајстор – Игор Мицевски, тон-мајстор – Николче Терзиевски, видео дизајн – Гоце Веселиновски.
Улоги:
Аждерот ………………………………… Мартин Мирчевски
Ланселот ……………………………….. Огнен Дранговски
Шарлеман, архивар ……………….. Петар Горко
Елза, негова ќерка ………………… Викторија Степановска – Јанкуловска
Градоначалникот ………………… Марјан Ѓорѓиевски
Хенрих, негов син ………………… Николче Пројчевски
Мачорот ………………………………. Јулијана Стефанова
Магарето ………………………………Здравко Стојмиров
Првиот ткајач ……………………….. Петар Спировски
Вториот ткајач ……………… Александар Стефановски
Шапкарката ………………………. Марија Стефановска
Мајсторот за инструменти ………. Филип Мирчевски
Ковачот ……………………………. Димитар Михајловски
Првата друшка на Елза ………………. Илина Чоревска
Втората друшка на Елза ……. Анастазиа Христовска
Третата друшка на Елза ……. Катерина Аневска-Дранговска
Цвеќарката ……………………………….. Елена Моше
Првиот граѓанин …………. Александар Димитровски
Вториот граѓанин ………………………. Борче Ѓаковски
Првата граѓанка …………………………. Соња Ошавкова
Втората граѓанка ………………… Валентина Грамосли
Детето ………………………………………. Никола Стефанов
Продавачката ……………………………. Соња Михајлова
Апсанџијата …………………………………..Иван Јерчиќ.






