Press "Enter" to skip to content

“Убавините на Пелистер“  фото-изложба на фоторепортерот Петар Ставрев.

Денес започна прославата за 70 годишнината на националната установа Национален парк „Пелистер“ за што се планирани програмскитее свечености посветени на јубилејот,а на првиот национален парк во поранешна Југославија, кој датира од далечната 1948 година.

По тој повод  во фоајето на НУ Центар за култура-Битола поместена отворена е изложба “Убавините на Пелистер“  на фоторепортерот Петар Ставрев.-Со фотоапаратот и планината другарувам долги години, а сликајќи ги убавините на Пелистер успеав да зачувам големо богатство фотографии. Најголем дел од нив претставени на изложби, а оваа е 50. по ред. Во оваа прилика сакам да порачам, шетајте по шумските патеки, за да не шетате по градските аптеки, планината дава живот и здравје, истакна фоторепортерот и новинар во пензија Петар Ставрев, на свеченото отворање на изложбата.

Пеце Цветановски, портпарол на НУ НП “Пелистер“-Битола, кој  ја отвори изложбата рече:-Националниот парк “Пелистер“ според староста е 13 национален парк во Европа. Во овие години сме постигнале видни резултати во зголемувањето на шумскиот фонд, флората и фауната се добро зачувани, постојано се истражува моликата која се наоѓа на површина од 2.500 хектари и за среќа се шири и на каменестиот простор.

Национален парк “Пелистер“-Битола јубилејот 70 години од прогласувањето за прв национален парк во поранешните ЈУ простори и во Република Македонија, ќе го одбележи и со свечена академија, утре која ќе се одржи во хотелот “Молика“ на Пелистер.

More from КултураMore posts in Култура »