Македонија – Италија 0:1 (0:1) У-21
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година вечерва во Битола на стадионот “Петар Милошевски“, претрпе втор пораз во квалификациите за Европското првенство. По неуспехот на гости во Полска, надежите на Горан Станиќ загубија на домашниот дуел од фаворитот Италија со минимални 0:1.
Средбата се одигра пред речиси исполнети трибини и околу 8.000 навивачи, за жал им припадна на гостите иако играа повеќе од едно полувреме со десет играчи.
Натпреварот се одигра на реновиран стадион, со компетно реконтруирана јужна трибина, со нови простории, нова прес сала, вип дел и вип ложа, соби за лекари и масери, соби за делегат и судии, нови под трибински простори…
Со реконструкција и добиените добри оценки од комисијата на УЕФА, македонската репрезентација доби нов дом, во кој ќе ги игра престојните натпревари од квалификациите, а битолчани ќе гледаат репрезентативен фудбал, во категорија У-21.
А, што се однесува пак до навивачите на висина на задачата, покажаа дека знаат и фудбал, навиваа, се израдуваа на натреварот, 8.000 гледачи на трибина уживаа во убаво време и прекрасен фудбалски амбиент, но недостигаше само гол за поголема радост.
Но, да се надеваме дека така ќе биде на следниот натпревар во Битола, а на новиот семафот ќе биде запишан гол на македонската репрезентација.
Станиќ одбра подефанзивна варијанта, па пред Василев тројка формираа Даилоски, Мелиќи и Џеков. По страните дејствуваа Хамза и Данев, а во средниот ред Ангелов, Зенделовски и Гаштаров. Во напаѓачкиот дел шанса добија Трајков и Николовски. Токму така и тргна натпреварот, со мирна игра и без премногу ризик. Италијанците повеќе ја имаа топката и имаа неколку напади, а првиот директен удар го имаше Раимондо, но Василев атрактивно одбрани.
Во 25. минута Италија останаа со човек помалку, бидејќи втор жолт картон доби Брандо Моруци. Бекот лесно испадна во борба за топка против Гаштаров, па како последен во одбраната го фаулира македонскиот офанзивец.
Во 35 минута Лука Марианучи го отвори резултатот и Италија поведе со 0:1, доби нафрлување од Ндур, а бидејќи беше подзаборавен на втората статива лесно погоди за водсттво кое се покажа како одлучувачко.
На стартот на второто полувреме Македонија се обиде во транзиција, иако беше бројчано надмоќна против ривалот. Напаѓавме со повеќе играчи од околу 25 метри шутираше Меметриза Хамза, а топката од блокот за малку не го измами голманот Мота.
Спорен момент се случи во 55. минута од средбата, откако во една наша акција со рака играше Ријад Идризи, меѓутоа топката прво се одби од земјата. Тоа го убеди судијата Генц од Косово децидно да одмавне со рацете кога нашита играчи бараа најстрога казна.
На крајот од натпреварот бевме поофанзивни и притискаме за гол, за реми, но макед0нската репрезентација немаше сили за гол.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска











