Денес го имаме првиот есенски ден, откако вчере есента започна во земјава и на северната хемисфера во 20:19 часот. Денес битолчани имаа преубаво време, сончево и топло, време идеално за прошетки, за работа надвор од домот, за пиење кафе на Широк Сокак…
Љубителите на фудбалот во Битола имаа посебна прилика на реновираниот стадион под Тумбекафе, на северната трибина, кој е на сонце, да гледаат фудбал и да уживаат во прволигашки фудбал.
Се беше погодено, а еден наш сограѓанин го искористи натпреварот и да се сонча на трибините на последните убави, денес иако есен – летни денови.
Се беше “погодено“ само “фалеше“ победа на Пелистер.
Инаку, есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.
Сашо Ристевски