-Деновиве кога е актуелно последното издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ да се постетиме на тоа како изгледаше Битола и фестивалот пред 10 години, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
36. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, во Битола, беше отворен со премиера на македонскиот филм “Лазар“, на режисерот Светозар Ристовски.
Тогашниот директор на “Браќа Манаки“ Димитар Николов, ја соопшти фестивалската програма и добитниците на наградите, а фестивалот за отворен го прогласи тогашниот престедател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.Битола во 2015 година, во септември, беше епицентар на културата, со филмски проекции, околу 700 гости (еминентни филмски работници, критичари и студенти), со 75 придружни настани на четириесет локации во Битола, а публиката уживаше во добри филмови, голем број работилници и придружни активности.
Специјалната награда “Златна камера 300“ за придонес во светската кинематографија за актерите Бруно Ганц од Швајцарија и Алексеј Серебрјаков од Русија.
Добитник на наградата “Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмски професионалци, е карикатуристот, автор на анимирани филмови и архитект Дарко Марковиќ.
Полскиот кинематографер Ришард Ленчевски, беше лауреат на наградата “Златна камера 300“ за животно дело како и кинематограферите Божидар Бота Николиќ и Јаромир Шофр.