-Битола од секогаш имала шампиони во мото-крос, но кога зборуваме за мото-кросот пред 10 години, како е и насловот на рубриката, не можеме да не го споменеме Борче Костов кој неколку сезони беше во врвот на овој спорт во Македонија, а имаше и значајни настапи на Источно европскиот шампионат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Борче Костов започна со својата натпреварувачка кариера не како тинејџер, туку во зрели години, но неговата упорност и пред се храброст, го донесе да биде неколку сезони на врвот на мото-кросот во Македонија, во категоријата во МХ3 класата.
–Битолчани имаа ретка прилика во 2015 година, како шампион, а со број “1“ на неговото “кавасаки“ да го гледаат Борче Костов – Жолтио на втората по ред меморијална трка “Тони Гулевски – Братиндол 2015“ и да уживаат во неговото возење како победник, зашто доби аплаузи на отворена сцена од илјадната публика на патеката кај Братиндол.
Треба да се спомене дека Жолтиот има голем број на награди и признанија, за неговото возење и за неговиот придонес во развој на мото-спортот и дека на неколку пати бил и на второ место во изборот на спортист на Битола.
Костов во тој период поради секогаш актуелните финансиски проблеми во мото-кросот настапуваше за неколку клубови, Мото-старс, ЛТД, Ноќни Волци.

Деновиве пред 10 години: Битола имаше шампион во мото-крос, Борче Костов -Жолтио највозрасен натпреварувач (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










