Во рамките на меѓународната соработка и по повод одбележувањето на Денот на хрватскиот парламент во Битола, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола имаше чест да биде домаќин на претставници од Градската библиотека „Марко Марулиќ“ – Сплит, Република Хрватска.
Настанот беше организиран во соработка со Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.
Програмата започна со обраќање на директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова по што беше прикажан краток филм за Библиотеката и Монографијата издадена по повод 80 години од нејзиното постоење.
Директорката на ГКММ, Гроздана Рибичиќ, потоа ја отвори изложбата „Марко Марулиќ – европски хуманист“, со што присутните имаа можност да се запознаат со животот и делото на овој значаен хуманист и книжевник.
Следуваше и проекција на филм посветен на најпознатото дело на Марулиќ – „Јудита“, по повод 500 години од неговото создавање, презентирано од актерот Мате Травиќ, кој беше и модератор на разговорот со познатата писателка и библиотекарка Нада Топиќ на тема „Живот со книга“.
На крајот на свечениот дел, беа доделени благодарници од страна на Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола, а директорките на двете библиотеки разменија симболични подароци како израз на благодарност и поттик за понатамошна културна и меѓународна соработка.
Настанот продолжи во неформална атмосфера во Центарот за култура – Битола, каде присутните уживаа во театарската претстава „Пижами за шестмина“ во изведба на Градскиот младински театар од Витез, Република Босна и Херцеговина, предводен од актерот Иван Сајевиќ. Оваа средба потврди дека книгата и културата се мостови што поврзуваат народи и создаваат пријателства што траат.

Одбележан денот на Денот на хрватскиот парламент во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- In memoriam: Зоран Петковски (1978 – 2025)
- СВР Битола: со “хјундаи“ излетал од патот Битола – Новаци
- Повторно “ќор“ пијан битолчанец на улица, со “опел“ беснеел на “Партизанска“, лишен од слобода
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- По две продолженија Пелистер го победи Маџари во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложба на сликарот, наш сограѓанин, Илија Кочовски во Битола (фотогалерија)
- Утре Ефто Пупиновски со концерт во Битола, за роденденот на Центар за култура
- Авторската претстава на Марјан Георгиевски – „Железно небо“ на фестивал на монодрама во Албанија
- “За историските објекти во Битола, заштитени со закон, од османлиски период“ изложба и видео проекција на Агим Џело (фото)
- Концертот “Бајка“ со Анна Конратенко и Камерниот оркестар на Македонската филхармонија вистинска бајка по дождливо време во Битола (фотогалерија)










