Press "Enter" to skip to content

Центар за култура Битола одбележа 45 години постоење со концерт на Ефто Пупиновски (фотогалерија)

-Домот на културата, а сега Центар за култура Битола свечено во употреба беше даден на 11 октомври во 1980 година, а изградбата траела 5 години. Камен темелникот го постави Бошко Станковски од ЦК на СКМ, на 8 март 1875 година, а тој и го даде во употреба.

-Центарот за култура е изграден со средства на битолчани, осносно со самопридонесот на работните луѓе и граѓаните на Битола, како и од други извори на средства. Центарот за култура во Битола вечерва го одбележа големиот јубилеј, 45 години од давањето на употреба на овој грандиозен објект на Битола, кој е симбол на културата, уметност, музика, филм, театар и спомени што живеат во срцето на градот.По тој повод се одржа концерт на Ефто Пупуновски во придружба на групата “Милениум“ од Битола.Пред концертот на присутните во салата им се обрати директорот на Центар за култура Битола – Сашо Илковски кој рече:-Сакам да им се заблагодарам на сите мои претходници и на сите вработени кои работат или работеле во оваа установа, луѓето кои стоеле или стојат зад сцената, бидејќи нашата историја е испишана со новните дела, меѓутоа и со вашите аплаузи, односно љуботна на публиката кон културата. Вработените со години го одржуваат пулсот на оваа институција, аудио и светло дизајнери, уметници и сценски работници… кои со својата посветеност придонесле Центарот за култура да биде гордост на Битола. Продолжуваме да ја негуваме традицијата, но и храбро да чекориме кон современите културни текови. Нашата мисија останува да го споие старото и новото, класичното и модерното, да создадеме жив култутен центар каде се среќаваат генерации, жанрови и идеи. Вечерва со музика и емоција го славиме овој роденден каде што имаме чест да го одбележеме овој јубилеј со концерт на македонската музичка легенда Ефто Пупиновски.На свеченоста присутсвуваа поранешните директори, Зоран, Чоре, Влатко, Анчето, Борче и Маја, како и сегашни и поранешни вработени на Центарот. Ефро Пупиновски настапи во придружба на битолската група “Милениум“, со пратечките вокали Лиле и Биле и пејакчката Ема.Пупиновски исполни голем број негови хитови, а публиката уживаше.-Центарот за култура е поставен на 13.500 квадратни метри, со 10.000 метри квадратни функционален простор, универзална сала со 900 седишта, театарска со околу 500 седишта, клуб-кафеана, ликовен салон, мала сцена, дискотека и други прострории, а се заедно ќе претставува вистинско средиште на културниот и уметничкиот живот и разонода. Во неговата изградба и опремување се потрошени 170 милиони тогашни, југословенски, динари, беше речено на свеченото отворање во 1980 година.Инаку, според вештачката интелегенција, 170 југословенски денари во 1980 година, денес вредат 19 милиони евра.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »