Press "Enter" to skip to content

Битолски театар својот роденден ќе го слави со 11. Битола Шекспир театар

Битолскиот театар својот 81. роденден ќе го слави со премиера на на “Макбет” во рамките на 11. издание на Битола Шекспир од 14 до 21 ноември, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола.

На сцената на театарот ќе оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир во интернационален театарски дух на претставите од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.

На програмата се  претставите “Дванаесеттата ноќ” на  Драмски театар „Александар Венгерко“, Бјалисток, Полска,  “Крал Лир” – “Lit Moon Theatre”, САД, “Еволуцијата на распадот” – Театарско здружение „Артема театарска лабораторија“, Скопје, Македонија, кореодрама  “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – Здружение на граѓани Тим Театрос К, Скопје, Македонија, “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија, “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија, “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија.

Влезниците за премиерата на 14 ноември за отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни, но со претходна резервација преку смс на телефонскиот број 075/549-400 (секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот).