На 13 ноември со почеток во 20 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар ќе одржи нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“.
Битолчани кои ќе дојдат на концертот ќе уживаат во фанк и џез инструментални композиции во изведба на Битолскиот дувачки оркестар и познати светски евергрини во изведба на Јасна Димитровска, чиј препознатлив глас и шарм повторно ќе донесат посебна атмосфера на сцената, затоа не ја пропуштајте оваа можност да уживате во звуците
Влезници можат да се набават на билетарницата во Центар за култура – Битола
Концертот ќе биде реализиран со поддршка од Општина Битола.











