-Во категорија до 60 кг Ален Рустемовски член на Пелистерски јунак од Битола го победи Џозеф Тарнер од Англија.
Викендов во Скопје се одржуа 54. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, а борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Вчера се одржаа полуфиналните борби, а во денес финалните борби. Оваа година на турнирот се пријавени 46 боксери од 8 држави.
Членот на боксерскиот клуб Пелистерци јунак од Битола, младиот македонски репрезентативец Ален Рустемовски запиша блескав успех победувајќи во финалето во категоријата до 60 килограми. Ален во финалето го победи Џозеф Тарнер од Англија.










