Младата фудбалска селекции на Македонија, онаа до 21 година, денеска ќе го игра шестиот натпревар во квалификациите за ЕП 2027-ма.
Македонските младинци во Битола од 17 часот ќе ја пречекаат репрезентацијата на Полска.
Противникот е беспрекорен досега, односно оствари пет победи во исто толку одиграни натпревари. Во првиот меѓусебен Полјаците ги надиграа нашите младинци со убедливо 3-0.
Со четирите порази на петте натпревари, Македонија е претпоследна на табелата и одамна ги загуби шансите, да се бори за повисок пласман.
Дуелот меѓу Макеоднија и Полска ќе почне од 17 часот.









