Пред 10 години, во 2015 година беше речено дека преку проект поддржан од Амбасадата на Израел во Македонија Еврејските гробишта се преуредуваат во Меморијален парк на Евреите од Битола, но за жал тој проект не е завршен, иако е започнат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Со засадување на стотици садници и пет моликови дрва, деновиве во Битола, во Еврејските гробишта, во присуство на министрите Елизабета КанческаМилевска и Џери Наумов, израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан, и претставници на еврејските заедници, беше означен почетокот на проектот за преуредување на Еврејските гробишта во Битола, во Меморијален парк на Евреите, вели Миновски.
Меморијалниот парк требаше да биде паметник за историското траење и влогот во градењето на мирот, хармонијата и соживотот којшто секогаш се негувал на овие простори и еден вид трајно сеќавање на македонските Евреи кои со своите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Власи и Роми со векови заеднички живееле на овие простори, рече тогашната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Меморијалниот парк требаше да биде нова културна и урбанистичка атракција за сите љубители од земјата и светот, коишто истовремено сакаат да се запознаат и да се едуцираат за историјата и културното наследство и воедно ги ценат современите високо технолошки и естетски решенија за уредување и заштита на урбаната животна средина.
Во тој контекст беше потпишан и проширен меморандум за соработка, кој покрај досегашните партнери Општината Битола, претставувана од градоначалникот Владимир Талески и Здружението за одржлив развој, архитектура и амбиент “Архам“ од Битола и израелскиот амбасадор Дан Оријан, добива поддршка и од Еврејската заедница на Македонија и Фондацијата Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, како понатамошен чекор за развој на активностите преземени со Меморандумот за соработка од август оваа година преку проширување на партнерите кои пристапуваат и понатамошно дефинирање на целите, задачите и односите помеѓу неговите потписници.

Деновиве пред 10 години: Еврејските гробишта ќе се преуредуваа во Меморијален парк на Евреите од Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










