Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Босеовски ги започна подготовките на РК Пелистер (фото)

-По завршувањето на есенскиот дел и непланираниот лош разултат на екипата на Пелистер од Битола, кој резултираше со пласман во плеј-аутот, оставка на местото координатор на РК Пелистер, поднесе Стевче Стефановски, а на стартот на 2016 година подготовките за пролетнио дел ги започна Петко Босевски, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.По оставката на Стефановски, Управниот одбор го разреши и тренерот Игор Николовски и на негово место го назначи Петко Босеовски. Николовски остана во клубот како помошник на Босеовски, а Кире Поповски остана тренер на младинските категории.

-Очекувам покрај трите засилувања да донесеме и голман што ќе ни биде приоритет за оваа полусезона. Што се однесува пак до амбициите тие се да бидеме прваци во плеј-аутот без ниту еден пораз, рече тогаш Босеовски.Нови засилување беа Чантурија и Милосавлевиќ и Александар Босеовски.

Во последната фаза од подготовките “пелистерци“ за заминат во соседна Србија каде одиграа 5 контролни натпревари со екипи кои таму се наоѓаа на подготовки.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »