Сефедин Бајрамов – битолскиот славеј со кадифен глас, заедно со Камерниот оркестар на Битола, ќе го изведе концертот “Прстен за неа“ – серенади што зборуваат за љубов, вино и вечните битолски убавини.
Вечер во која песната тивко се вселува во срцето, а музиката станува спомен.
Има песни што не минуваат – тие остануваат како дамка на срцето. „Прстен за неа“ е токму таква. На битолската сцена, Сефедин Бајрамов ќе ја испее судбината на оние што дале сè, а останале со спомен. Песна што тивко ги отвора старите рани и нè потсетува дека љубовта не секогаш завршува како што сме сонувале.
Концертот „Прстен за неа“ ќе добие посебна уметничка димензија благодарение на НУ Камерен оркестар на Битола, еден од најзначајните музички ансамбли во градот и симбол на високата музичка култура.
Гости: Ана Петановска и Виктор Апостоловски.
12 февруари 20:00,
Голема сала – Центар за култура Битола
Билети: 300 денари










