Press "Enter" to skip to content

Шкендија имаше 10 победи по ред, денес во Тетово поразена од Пелистер

Шкендија – Пелистер 1:2 (1:1)

Екипата на Пелистер од Битола кога најмалку се очекуваше, на гостувањето во Тетово дојде до победа над тимот на Шкендија со резултат 1:2, полувреме 1:1, а ова е деби на новиот тренер Марјан Секуловски со победа која носи три значајни бода за клубот во борбата за опстанок.

Натпреварот во Тетово започна рамноправно, а првата шанса ја имаше Бесарт Ибраими во 8.  минута. “Пелистерци“ шанса чекаа во контра напади, а  таквата тактика на Секуловски  донесе два обиди на  Мирко Ивановски. Шкендија имаше и поништен гол во 30. минута на Ендрит Красниќи. Во 37. минута Пелистер поведе, а стрелец на голот беше Стефан Спировски. Само шест минути подоцна во 43. минута израмнување донесе Бесарт Ибраими. 

На стартот на второто полувреме Пелистер имаше една полушанса, а во 60. минута Тамба шутираше кон голот на Пелистер, но голманот Јовчевски одбрани. Тамба се обиде уште двапати за Шкендија. И Булатовиќ се најде и одбрани голманот Гаје. На крајот следеше шок за домашните и казна за пропуштеното, Вилдан Керим погоди за 1:2.