Press "Enter" to skip to content

Малешевиќ: со победа над Кожув сакаме математички да осигураме полуфинале,

Кошаркарите на Пелистер од Битола, утре, сабота во 17 часот му гостуваат на Кожув во 2. коло од плеј-оф разигрувањето во Првата македонска кошаркарска лига. Убедливата победа над Маџари ја врати самодовербата во тимот на највисоко ниво, па „пелистерци“ сега се цврсто решени да влезат убедливо пред најважниот дел од сезоната во елитната конкуренција.Фактот дека оваа сезона Пелистер има два порази од Кожув е само мотив плус за сите во зелено-белиот табор за реванш и осигурување на третото место на табелата.

Здравствениот билтен е одличен и сите се максимално мотивирани за првпат сезонава да се слави против екипата на Кожув и да го покаже своето вистинско лице пред финалните борби за највисок пласман во лигата.

Српскиот кошаркар од редовите на Пелистер, Никола Малешвиќ, го знае рецептот за триумф на незгодното гостување во Гевгелија против екипата на Кожув и дели дека максимално мотивирани го дочекуваат саботното гостување во Гевгелија, свесни дека имаат сметки за расчистување по досегашните два пораза на меѓусебните пресметки со Кожув.

Никола Малешевиќ, кој порачува дека само со 40 минути максимално залагање може да се излезе како победник од утрешниот натпревар.

-Пред нас е тежок натпревар, против ривал со кој се сретнавме неодамна. Се надевам дека ќе одиграме како во првите три четвртини од тој дуел, тоа е рецептот за победа, како во нападот, така и во одбраната. Секако, мораме во тој стил да ги одиграме сите 40 минути бидејќи видовме дека три четвртини не се доволни за да се стигне до триумф. Сакаме да му се реваншираме на Кожув, математички да осигураме полуфинале. Дуелот ќе биде тежок и исцрпувачки, но се надевам дека на крајот ние ќе бидеме тимот што ќе се радува на победата, порачува Малешевиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »