Охрид – Пелистер 26:19
Ракомерите на Пелистер се поразени во полифиналето на Купот во Струмица од тимот на Охрид кој првиот финалист во Купот на Македонија со 26:19. На битолчани ништо не им одеше од рака, тоа се виде од стартот на мечот и немаа шанси против расположениот ривал, а од друга страна Охриѓани во одлична форма и комплетно го надиграа шампионот.
Во почетните пет минути се играше со грешки, но и голмански одбрани на двете страни, па резултатот беше 1:1. Битолчани правеа грешки, кои охриѓани ги казнија и направија повисока предност по петнаесетина минути 6:3, а потоа и со 7-3, па Алушовски мораше да повика тајм-аут. Битолчани пробуваа преку Хекбарт, Тајник, Радивојевиќ, но не беа успешни… “Гладијаторите“ отидоа на плус шест, 12:6, а во финишот на полувремето имаше уште по еден погодок на двете страни и истата разлика остана во корист на охриѓани.
Охтид на стартот на вториот дел зголеми на 14:7, а “пелистерци“ дури по шест минути игра кога намалија на 15:8, а потоа и 17:8. На петнаесетина минути до крајот беше 22:12, но “пелистерци“ ја топеа негативата, и намалија битолчани на 22:16 со четири гола во серија. До крајот Охрид рутински и искусно успеа да ја одржи предноста и на крајот да го прослави најголемиот клупски успех – пласман во финалето на Купот на Македонија.
Во составот на Еурофарм Пелистер најефикасен беше капитенот Кузмановски со девет погодоци.










