На првиот автослалом во Скопје организиран од Националната Федерација за Историски Возила на Македонија возеше и Љупчо Коцкар Илиевски од Битола, а неговата конкуренција беше една од седумте натпревари кои ќе се бодуваат за Државното првенство за 2026 година.
Натпреварите од државното “TSD Авто слалом првенство“ се одржаа на паркингот пред спортската сала “Борис Трајковски“ во Скопје, односно на големиот паркинг и патеката околу него, лоциран меѓу хотелот “Александар Палас“, објектот на пливачкиот базен и спортската сала “Борис Трајковски“.
Љупчо Илиевски доби специјално признание од органзаторите и ни рече:
-Помимавме одлично организиран авто-викенд во Скопје, а на патеката се појавија 45 возачи кои, морам да признаам дека водевме меѓу себе голема борба за секој метар и за секоја секунда. Им благодарам на организаторите за специјалното признание кои ми го доделија како ветеран на овој спорт.
С. Ристевски










