Како и “од годините“, како што велат битолчани, попладнево, вечерва и околу полноќ, како што сме научени да гледаме голем број верници од Битола и Битолско, вечерта спроти денот на Архангел Михаил, ја посетија истоимената црква во месноста “Довлеџик“, кои останаа верни на децениската традиција да запалат свеќа за здравје и да го помолат на светецот.
Секако верниците не заборавија да запалат и свеќи на иконата која се наоѓа на патот, каде запалено кадилото, а повозрасните битолчани се сеќаваат дека таму каде е сега старата икона бил и влезот во црковниот двор.

Убавото време, годинава за разлика од порано малку посвежо од годините, и вербата во светецот, ги донесе битолчани во убавата црква.
Во дворот на црквата голем број верници, стрпливо чекаа да запалат свеќа и да се помолат.
Поради големата гужва ред се чекаше да се влезе внатре во црквата и да ја целуваат светата икона и ги видат прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот.
А, така беше и за влез во малото црквиче каде е светата вода.
Вечерва, а и утре ќе бидат поставени штандови – тезги каде битолчани и нивните гости ќе можат да купат сувенири од Битола, верски сувенири, разни мали подароци…, а секако тука е и шеќерната волна за најмалите од чичко Раде.
Но, и утре, наутро се очекува тука да има голем број верници, кои ќе ја “слушаат“ богослужбата, а ќе дојдат и оние кои вечерва не успеаја да дојдат во црква “Св. Архангел Гаврил“, за да се помолат за здравје и простување на гревовите.











