Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола го објавуви првото големо засилување за оваа сезона кое ни доаѓа од Калгари, Канада. Во Пелистер пристигнува одбојкарка од престижниот одбојкарски тим на University of British Columbia Okanagan, Наталие Фанк.
Наталие Фанк е родена 2002 година, игра на позицијата примач и со својата импозантна висина од 191 см ќе биди огромно засилување за нашиот клуб за престојната сезона.
Таа во досегашната кариера ги освои следните награди и признанија: трикратен најкорисен играч на тимот (3× Team MVP), прогласена за спортист на генерацијата на University of British Columbia Okanagan, двапати поканета на селективните подготовки (tryouts) за Team Canada NextGen, програмата за развој на идните репрезентативки на Канада.










