Press "Enter" to skip to content

Пелистер волеј го објави и третото странско засилување – Невена Радовојевиќ од Србија

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола го официјализира и третото, последно, големо засилување за оваа сезона кое во клубот доаѓа од Белград, Р. Србија, а се работи за Невена Радовојевиќ и доаѓа од екипата на Инџија од Белград.

Невена Радовојевиќ е родена 2003 година, игра на позицијата техничар, висока е 178 см, нејзината клупска кариера започнува во една од најголемите одбојкарски школи Lucky Star од Белград, за подоцна да го продолжи својот развој во добро познатиот клуб со голема традиција Инџија исто така од Белград, а има и универзитетско репрезентативно искуство.

Со Невена Радовојевиќ тимот ја затвораи клучната алка на тимот на позиција техничар, која ќе биди огромно засилување во сегментот во креирањето на играта на Пелистер за престојната натпреварувачка сезона

 

Невена Радовојевиќ била прв техничар на Универзитетската репрезентација на Србија – Европски универзитетски игри (EUG), Лоѓ, Полска, 2022 и има добиено признание за извонредни технички способности, организација на играта и лидерство на теренот. Била и најдобар техничар на турнирот „Борац Чачак“ – Чачак, Србија
More from ВестиMore posts in Вести »