-Со новите хитови „Ја волим кад си ту“ и изведбите на безвременските песни “Оливера“, “Моја Јулишка“… емоции и искрената љубов од публиката кој дојде од а публика имаше од Битола, Скопје, Струмица, Велес, Србија, Хрватска…, концертот прерасна во вечер што долго ќе се памети.
-Илјадници гласови во еден хор – публиката пееше со својот идол, а женската публика доминираше во Античкиот театар, пеејќи ги сите негови песни.
Античкиот театар во Охрид беше претесен да ја собере емоциите и енергијата што владееја на концертот на младата музичка ѕвезда Јаков Јозиновиќ, под величествените ѕидини на Самоиловата тврдина и под отвореното ѕвездено небо, публиката беше сведок на вечер исполнета со музика и незаборавни моменти.
Иако концертот започна во 21 часот, најверните обожаватели на Јаков Јозиновиќ пристигнаа пред Античкиот театар уште околу 18 часот, со нетрпение очекувајќи да ги заземат своите места и да бидат што поблиску до својот музички идол.
Уличките што водат кон Античкиот театар беа преполни со луѓе и во еден момент изгледаа претесни да ги примат илјадниците посетители кои се упатуваа кон концертот, а подоцна и оние кои се враќаа по неговото завршување. Сепак, и покрај големиот број посетители, сè помина во мирна, позитивна атмосфера, исполнета со музика и добро расположение.
Возбудата се чувствуваше уште пред да се изгаснат светлата на сцената, а со првите тонови кога Јаков се појави на сцената публиката го пречека со овации и аплаузи.
Јаков уште еднаш потврди зошто важи за еден од највпечатливите млади гласови на Балканот. Со својата препознатлива интерпретација, харизма и искрен однос кон публиката, тој создаде атмосфера исполнета со силни емоции и музика.
Публиката во еден глас ги пееше и неговите најнови хитови од актуелниот албум, меѓу кои „Ја волим кад си ту“, „Мери“,„Полје Ружа“, но и други нови песни од неговиот репертоар, со што уште еднаш потврди дека новата музика на Јаков Јозиновиќ веќе го пронашла патот до срцата на неговите обожаватели.
Вистинска еуфорија настана кога Јаков ги запеа безвременските хитови со кои ја освои публиката и стана препознатлив по своите емотивни интерпретации – „Оливера“, „Пусти, пусти моду“ и „Јулишка“, преработка на песната „Моја Јулишка“ од Мишо Ковач. Илјадници гласови како да се споија во еден, а Античкиот театар одекнуваше од песна и емоции.
Во публиката имаше љубители на неговата музика од сите генерации – од најмладите до повозрасните. Сепак, најбројни беа жените и девојките, неговите најверни обожавателки, кои во еден глас ги пееја сите негови песни. Многу од нив не можеа да ги сокријат емоциите – со солзи во очите ги следеа стиховите, пееше целата публика, а секоја нова песна беше проследена со силен аплауз и воодушевување.
Јаков запеа и песна од Тоше Проески, а публиката тоа го голем аплауз и многу емоции го награди.
Публиката, особено неговите најверни обожаватели, му даде посебен белег на концертот. Во текот на вечерта му подаруваа плишани мечиња, фотографии, постери и други симболични подароци, покажувајќи колку многу им значи нивниот музички идол. Токму тие искрени гестови ја направија вечерта уште потопла, поемотивна. и покажаа колку силна врска има Јаков со својата публика.

Емоциите беа взаемни и искрени. Јаков во текот на концертот повеќепати ги покануваше своите обожаватели да му се придружат на сцената, каде заедно ги пееја неговите најголеми хитови. Со насмевка и трпение се фотографираше со нив, разговараше и им подаруваше незаборавни моменти. Најтрогателни беа миговите кога на сцената се качуваа неговите најмлади обожавателки. Со голема возбуда го прегрнуваа својот омилен пејач, а тој со внимание, топлина и искрена благодарност зборуцаше со нив и им возвраќаше на љубовта, создавајќи им спомени што ќе ги паметат цел живот.
Визуелниот дел од концертот дополнително ја збогати целата атмосфера. За време на изведбата на неколку песни, кон публиката летаа конфети, создавајќи вистинско празнично расположение.

Еден од највпечатливите моменти беше кога од задниот дел на Античкиот театар се појавија десетици балони во различни бои, кои се издигнуваа над публиката.
Додека присутните танцуваа и ги пееја песните во еден глас, шарените балони ја претворија сцената во бајковита глетка, а магичната атмосфера беше наградена со силен аплауз и воодушевување од сите страни.
На самиот крај, видливо трогнат од љубовта што ја доби, Јаков Јозиновиќ им се поклони неколку пати на своите обожаватели и им се заблагодари за огромната енергија, поддршка и верност.
Со насмевка и искрена благодарност порача дека токму публиката е неговата најголема инспирација и причина секогаш да го дава најдоброто од себе.
Токму публиката беше таа што ја одбележа вечерта. Со својата искрена љубов, енергија, заедничко пеење и долги аплаузи, обожавателите покажаа дека концертот на Јаков Јозиновиќ беше многу повеќе од музички настап – беше вечер исполнета со емоции што долго ќе се паметат.
Охрид уште еднаш се покажа како совршена сцена за вакви музички спектакли, а концертот на Јаков Јозиновиќ уште еднаш покажа колку е силна врската меѓу него и неговата публика.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска











