Press "Enter" to skip to content

Американецит Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола соопшти дека по домашните засилувања, потпишан е и првиот странец. Камрон МекДауел, американски шутер, ќе ја организира играта на Пелистер. 

-Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра, сопштија од Пелистер.

Неговиот најдобар момент е сезоната 2024/25, кога за Норд-вестерн Оклахома стејт бележеше 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции. МекДауел беше дел од драфтот во НБА лигата во 2025 година, но се врати во универзитетската кошарка и пак остави трага. Беше еден од најдобрите стрелци за Тарлетон и се најде во најдобрите две петорки во лигата.
More from ВестиMore posts in Вести »