Младост – Еурофарм Пелистер 2 30:30 (14:11)
Ракометарите на Младост 1977 и Еурофарм Пелистер 2 одиграа драматично реми (30:30) во натпреварот од шестото коло на Суперлигата на Македонија, а тимот од Битола се врати во игра од -6 во последните десет минути.
Првото полувреме започна рамноправно, Младост поведе со 3:1, па 5:4, а дојде и до +4 (9:5). До крајот на полувремето Пелистер погоди само еднаш, а на одмор се отиде со 14:11.
Второто полувреме започна со серија од три гола на Еурофарм Пелистер 2 и се дојде до првото израмнивање на натпреварот 14:14. Младост повторно успеа да стекне сигурна предност (23:18). Во последните десет минути домашните влегоа со 26:22. Го завршницата “двојката“ дојде до реми во 58. минута (29:29). До крајот двете екипи погодија по еднаш и се дојде до 30:30. Младост имаше напад за победа, не се снајде најдобро, а по фаулот на три секунди до крајот не погодија и се заврши со поделба на бодовите.
Најефикасен кај Еурофарм Пелустер со скор „осум од осум“ беше Божидар Илиески.










