-Со концертот на рускиот пијанист Олег Маршев, кој живее и работи во Австрија, на дванаесетти октомври во Битола беше спуштена завесата на јубилејно то 25. издание на Фестивалот на класична музика “Интерфест 2016“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хрониачр на Битола и доајен на битолското новинарство.
Свеченото затворање се одржа во салата на клавирите во Националната установа Завод и музеј, каде пред присутните вљубеници во класичната музика, Маршев изведе дела од Брамс и Мусогорски.
-Во изминатите дваесет и пет години, Фестивалот “Интер фест“ понуди многубројни концерти со уметници од сите страни на светот. Во овој четврт век на “Интерфест“ се случија неповторливи и незаборавни уметнички настани, и ако се оценува според интересот и присуството на публиката, тогаш слободно ќе речеме дека ова е вистински фестивал на класичната музика посочи, тогаш, Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на “Интерфест“.
Инаку, од 1 до 12 октомври 2016 година во Битола настапија уметници од Италија, Казакстан, Црна Гора, Русија, Турција, Германија, Србија и од Македонија, а се одржаа и неколку дисперзирани концерти во Скопје.









