Гумерсбах – Еурофарм Пелистер 38:28 (
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола забележа нов пораз во сезоната во Европската лига, одново потфрлија и убедливо загубија од Гумерсбах со 38:28.
Пелистер му парираше на Гумерсбах во Германија во воведните минути. По пет минути беше 2:3 за Пелистер, одличен на голот беше и Никола Митревски кој фати две топки, од кои еден беше пенал. Израмнетата игра продолжи и понатаму, по десет минути игра резултатот гласеше 6:6. Гумерсбах за првпат успеа да се одлепи на 10:8. Пелистер прими голови на празна мрежа за највисоки 13:9 за бундеслигашот, а потоа беше и 16:10 во финишот на првиот дел. Еурофарм Пелистер ја намали негативата само за еден гол (20:15).
Во второто полувреме, домашниот тим одново ги казнуваше сите грешки на противникот и со голови на празна мрежа ја одржуваше сигурната предност. Ништо ново не донесе ниту завршницата, германскиот тим искусно ја сочува предноста и заслужено славеше со 38:28.
Кај Еурофарм Пелистер ајефикасни Филип Кузмановски со седум гола и Видомски и Ристевски со по четири.
Со овој неуспех битолчани остануваат на последната позиција на табелата во групата “Г“.











