Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 87:91

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола се  поразени од Работнички во вистински првенствен натпревар во рамките на 3. коло на Суперлигата, а по супер интересна и неизвесна завршница победија гостите од Скопје со резултат 87:91. 

Екипата на Пелистер започна одлично и одиграа добро прво полувреме и создадоа предност од осум поени (41:33). Пелистер имаше одличен почеток и со агресивна игра брзо изгради убедлива предност. На семафорот стоеше 18:4 по само шест и пол минути што беше нависока предност за битолчани кои имаа имаа причина да веруваат дека битолчани можат да ja прекинат сериата на гостите.Пелистер на паузата cè уште беше во подобра позиција по заслуга за водството новајлијата Никола Кочовиќ, кој ќе биде сериозно засилување, а  имаше 19 поени во првото полувреме.Работнички се врати во третата четвртина, која ја доби со 18:26.  Последниот период донесе и промена на водството, скопскиот тим поведе на помалку од осум минути до крајот (64:70), но и Пелистер возврати. Работнички успеа да дојде и до +9. На три минути гостите имаа и двоцифрена позитива по слободните фрлања на Рикиќ, но “пелистерци“ со серија од 5:0 направија неизвесност во финишот и до израмнување на 46 секунди до крајот (83:83). Работнички погоди за 83:85, а Пелистер не погоди за кош домаќините не реализира на спротивната страна и по два еден успешен напад на двете екипи се дојде до конечни 87:91.Кај Пелистер најефикасен со деби во Битола за паметење беше Никола Кочовиќ, кој натпреварот го заврши со 30 поени, пет асистенции 9 четири скока. Си-Џеј Вилсон постигна 20 поени, а Денинг запиша 10 поени.Пелистер во следното коло се среќава со екипата на Скопје.

Сашо Ристевски

Линк за фотографии:

https://www.facebook.com/photo?fbid=1748295283675957&set=pcb.1748297063675779

More from ВестиMore posts in Вести »