Интернационалното жири на 58. по ред Светската галерија за карикатура на “Остен“ за 2026 година одлучи третата награда да му припадна на карикатуристот Блаже Докуле од Битола кој е карикатурист и во нашиот портал и има своја неделна рубрика.
На овој традиционален натпревар на светската карикатура учествуваа најголемите имиња на светската карикатура, а меѓу финалисите од педесетина земји имаше и четворица од Македонија.
Блаже Докуле има учествувано на сите 58 светски изложби на светска карикатура, а има добиени е неколку најголеми награди. За овогодишното изднани Докуле вели:
-Мислам дека сум единствен учесник кој учествувал на сите 58 организирани светски изложби на “Остен“, за кој сум работел од самиот почеток, и сум во врвот на оние кои се закитиле со највисока награда. Ме израдува одлуката на светското стручно жири бидејќи да си заедно со најголемите мајстори на карикатурата од светот од Кина, Србија, Индонезија, Русија, Украина, Белгија… не е мала работа. Учествував со карикатура која ја отсликува светската економска карикатура, а квалитетот беше препознат од фестивалот.
Инаку Докуле има голем број на светски и домашни награди.
С.Ристевски











