Вечерва, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, по 68. пат на Широк Сокак во Битола во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, на која учествува повеќе од 600 учесници.
Како и изминатите години и годинава битолчани ја видоа и учествуваа на трка на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, а таа е дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола. Стартот беше на Широк Сокак, а според возраста од повеќе места, а целта на “Магнолија“.
Годинава по ладно време, послед обилните дождови, на Широк Сокак трчаа основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани, во 24 категории, во машка и женска конкуренција, а сето тоа претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
На најстариот спортски настан во градот и во земјата, зедоа учество и други граѓани, а настапија во категории до 40 и над 40 години.
Победниците на трката ги поздрави и им подели медали и дипломи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој подвече дека оваа година трката се одржува во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола и е дел од големиот број на настани со кои, ние битолчани, го одбележуваме овој ден.
-Горд сум што воочи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. Битола во изминатата година реализира голем број на проекти со кои се подобруба спортската инфраструктира во Битола и со реконструкција на некои спорстки објекти. Сега имаме голем број на спортски објекти на кои се ќе “раѓаат“ нови спортисти кои ќе ги бранат боите на битолските спортски клубови. Не послужи и времето, па после големите дождови имавме убава трка. На победниците им посакувам уште многу успеси, рече Коњановски додаде дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани кои со тоа даваат дополнителен придонес за празнувањето на Денес на ослободувањето на градот и го збогатуваат, заедно со другите манифестации.
На ноќната трка и прогласувањето присутен беше и престедателот на Советот н Општина Битола – Бојан Бојковски, а претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски пред стартот на трката рече:
-Оваа најстара спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 68 година, а и ќе трае, а ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки, а организарањето на оваа трка ќе помогне за развој на спортот кај младите. Им честитам на сите учесници кои настапија, со поздрав да се видиме и в година во посилна конкуренција.
На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, и со Универскитетскиот сојуз на спортови, со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.
Ноќната трка беше збогатена и со подароците за натпреварувачите кои беа доделени од “Бимилк“, “БВ Инжеринг“, ресторан “Бевледере“, германска компанија во Битола – “Бреиндчилд“, “Минт осигурување“ и “Цермат“.
Фото: Дамијана Ристевска
Линк за мега фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1766478671857618&set=pcb.1766481795190639










