Кожув – Гевгелија 1:1 (0:1)
Екипата на Пелистер од Битола одигра реми, со конечен резултат 1:1 на гостувањето во Гевгелија во рамките на 11. коло од Втората фудбалска лига, во натпревар во кој “пелистерци“ не успеаја да го сочуваат водство кое ги направија во првото полувреме.
“Пелистерци“ поведоа против Тиквеш преку Кире Ристовски, во 20. минута, кога Мирчевски изведе корнер од левата страна, а највисок во скокот беше Ристевски кој со глава постигна гол.
Во 55. минута од натпреварот, тимот на поранешниот “пелистерец“, Вангел Алпипармаковски израмни откако Боев испрати незгодна топката кон гостинскиот гол, која од стативата се одби од голманот Димовски и заврши во мрежата за 1:1.
Во самиот финиш “пелистерци“ останаа со играч помалку, откако поради прекршок надвор од својот шеснаесетник, Димовски доби директен црвен картон, а на голот застана напаѓачот Христов.










