Денес во Центарот за култура Битола, Aмбасадата на Јапонија во соработка со Јапонската фондација ќе прикажува две бесплатни проекции и работилница со оригами во рамки на 19-тото издание на Неделата на јапонски филм.
Анимираниот филм „Деца на морето“ од 15 ч. и играниот филм „Чекор“ од 20 ч. се бесплатни и не се потребни резервации.
Работилницата за оригами од 18 ч. со Јошијо Којама со сите обезбедени материјали е бесплатна, но потребна е резервација, на следниот линк: https://docs.google.com/forms/
Филмовите се на јапонски јазик со превод на македонски и англиски, додека за работилницата работен јазик е англиски.











