Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се враќа на меѓународните натпревари, Червар: мора да бидат борбата и волјата поголеми

Еурофарм Пелистер го очекува исклучително важен натпревар во Европската лига на ЕХФ, во кој во Битола ќе го пречека германскиот Гумерсбах.

Пред овој предизвик се огласи тренерот Лино Червар, им се заблагодари на фановите за трпението, но и максимална борбеност од своите ракометари.

-Ја користам приликата да ѝ се заблагодарам на публиката за трпението. Јас знам дека сите би сакале многу, но мислам дека мораме да одиме чекор по чекор. Тежок ќе биде тој натпревар. Германците доаѓаат без Рогановиќ, но и без него се една силна екипа која може рамноправно да игра со која било екипа.  Гумерсбах е екипа составена од многу квалитетни играчи собрани од цела Европа. А тоа не се само обични играчи, тоа се играчи кои завршиле школа за ракомет, ги зеле најдобрите играчи од други земји. Во Бундеслигата играат баш врвните играчи и нема да биде лесно. Но, тие можеби се фаворити, но ние мораме да покажеме волја и желба. Мора да бидат борбата и волјата поголеми, изјави Червар.

Битолчани немаат многу простор за нов кикс, а поддршката од домашната публика и борбеноста што ја најавува Червар ќе бидат меѓу најважните предуслови за посакуваниот триумф. По три одиграни кола, македонскиот шампион има само еден освоен бод и се наоѓа на последното место на табелата, па победата е императив доколку сака да ги задржи шансите за пласман во следната фаза.

More from ВестиMore posts in Вести »