Јанта Волеј – Пелистер Волеј 2:3
(21:25; 25:19; 25:17; 23:25; 07:15)
Одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола се враќаат со голема победа над неколкукратниот шампион и Куп освојувач на Македонија, екипата на Јанта Волеј, а тоа е прва гостинска победа на овој тим во оваа сезона.
После победата над Јанта, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Започнавме одлично во првиот сет и имавме целосна контрола на играта од почетокот до крајот на сетот за сигурни 1:0. Во вториот сет отворивме лошо и на стартот беше 6:1 за домаќинот. На неколку наврати се обидувавме и стигнувавме до -2 но недоволно за да направиме повеќе. Во третиот сет отворивме одлично со 7:2 но не успеавме да го задржиме силното темпо кое го наметнавме и отидовме во негатива од 1:2 во сетови. Во четвртиот сет се играше поен за поен, но водевме сѐ до 20:18, а потоа беше изедначено 20:20. Сепак во клучните моменти нашите девојки покажаа дека имаат капацитет за вакви дерби дуели и го добија сетот со 25:23 за изедначување од 2:2 со што натпреварот замина во петти сет. Во овој одлучувачки сет повеќе концентрација покажаа нашите девојки и убедливо го добија со 15:07 со што ја завршија драмата во своја корист во натпревар во кој двете екипи освоија по 101 поен.
Најефикасна во тимот на Пелистер Волеј беше Американката Џејд Ватсон со 23 поени, Фанк запиша 18 додека капитенот Стефани 15, Симона Стојановска 5, Радивојевиќ и Димитровска по 2, Белокозовска и Андоновска по 1 поен.








