На Еурофарм Пелистер “му лежат“ европските натпревари, а вечерва во Битола ја победија екипата на Гдањск убедливо во натпревар во кој рамометарите не им дадоа никаква шанса на гостите од Полска нити во еден момент да помислат на нешто друго, освен на пораз.
Оваа победа е само потврда на минатонеделната победа над тимот на Гумерсбах, со само гол разлика 29:28, а сега Пелистер сам си го трасира патот кон плеј-офот на Лигата на Европа, посевно после убедливиот пораз на шпанскиот тим кој испадна од борбата за едно двете места кои гарантираат европска пролет.
Еурофарм Пелистер го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава и од првата до последната минута имаше контрола против непоразениот полски претставник, а публиката тоа знаеше да го награди 60 минути и двесетина минути после натпреварот.
Полни трибини, познати лица, љубители на ракометот, поддржувачи на клубот, жени и мажи, навивачка група, деца и возрасни… сите заедно до победа и надеж дека продолжуваме на пролет со европски натпревари, а тоа му “личи“ на Битола.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1792872079218277&set=pcb.1792873539218131










