-Сигурно ако не беа овие мерки за заштита од корона вирусот ќе имавме летово уште поголема прослава на јубилејот на групата “Молика“ и Анета од Битола, од она што го видовме и слушавме пред 10 години во 2010 година, кога групата славеше 15 години заеднички настап на сцената, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Големиот јубилеен концерт се одржа на отворено, во “Император“ околу Олимпискиот базен во Битола. Имаше сигурно, колку што се сеќавам, а и она што го имам запишано во новинарските белешки, а ни го изјавил организаторот, околу 1.000 гости, вели Миновски, кој за самиот концерт додава:
-Концертот, односно целовечерниот настап беше одличен, а се надевема дека по ова мое сеќавање, за тоа што се случуваше пред 10 години, ќе се присетат и голем број на битолчани кои таа вечер, за која се бараше “карта повеќе“, беа на Олимпискиот стадион.
Вечерта ја отворија млади музичари, а потоа следуваше концертот на Анета и групата “Молика“, а гласовните можности на Анета ги исполнија очекувањата на сите присутни, а имам забележано дека имало и голем број на наши иселеници.
Покрај Анета и групата “Молика“ на овој нивни јубилеен настап имаа и голем број на гости, нивни колеги, кои настапија таа вечер од Битола и цела Македонија. Тука беше Благоја Груевски, Сузана Гавазова, Даниела, Татјана, Елена Велевска… како и изненадување – танчарки, се присетува Димче Миновски, кој уште една додава за тоа како би бил јубилејниот концерт.
-Сега Анета и групата “Молика“ имаат уште поголема популарност отколку пред 10 години. Настапуваат насекаде низ светот, на сите континенти, а секако популарноста во Македонија и Битола е голема.
Затоа сите кои ја сакаат нивната музика оправдано го очекуваат нивниот јубилеен концерт, а кога и да случи сигурно ќе биде голем спекталк, за паметење, за кој сигурно ќе се пишува и по други 10 години.

Деновиве пред 10 години: Анета и група “Молика“, во 2010 одбележаа, 15 години постоење
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет









